Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на кампањата за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети во Охрид денес заеднички со полициски службеници СВР Охрид во превентивна активност за зголемување на безбедноста и свеста на сите учесници во сообраќајот.

–Преку едукативен материјал и практични совети ја споделивме пораката за важноста од носење кацига на главата почитувањето на правилата и прописите за безбедно учество во сообраќајот!Заедно кон побезбедни сообраќајници за сите, безбедноста е во твои раце!, велат во нивното соопштение.