Skip to main content

Превенција од шумски пожари

Кампањата „Лето без пожари“ стартуваше во НП Галичица

Екипи од НП Галичица и ПС Ресен ги запознааваат посетителите на Галичица со ризиците од пожари.
 |  инфодеск  | 

Во НП Галичица започна да се спроведува кампањата “Лето без пожари”. На почетокот на оваа кампања беше реализирана заедничка активност за запознавање на граѓаните со истата од страна на Директорот на Јавната установа Национален парк Галичица, претставници на Националниот парк и претставници на Полициска станица Ресен.

Со взаемна соработка помеѓу институциите и секако со поддршка од граѓаните и посетителите на паркот, ќе се обидеме да образуваме заедница свесна за ризиците од пожари и го заштитиме нашето природно богатство, посебно во овие жешки летни денови кога ваквата опасност е се поголема! ” – велат од ЈУНП Галичица.

Додаваат дека полициски службеници и претставници од ЈУНПГ ќе бидат на располагање да ги запознаат посетителите со важни информации за превенција и реагирање во случај на пожари.

Запомнете, „Лето без пожари“ ќе продолжи во текот на летниот период во нашиот прекрасен Национален парк! Вашиот ангажман е од суштинска важност за неговата заштита! “ -порачуваат од НП Галичица.

Упатуваат благодарност до сите граѓани и институции кои го поддржуваат напорот да се заштити нашето бисер – Националниот парк Галичица!