Skip to main content

Канаѓанката Маргарет Етвуд годинешен лауреат на Златниот венец на СВП

Канаѓанката Маргарет Етвуд годинешен лауреат на Златниот венец на СВП.

 |  Валентина Неловска  | 
маргарет

Маргарет Етвуд од Канада е годинешнито лауреат на „Златниот венец“ на  СВП.  Етвуд не е  само поет и пистаел туку и активист за женските права во светот, истакна Славе Ѓорго Димоски  претседателот  на Управниот одбор на СВП.


ме„ Нејзината поезија што го понесе ова високо признание се движи меѓу животното искуство и митологизираните простори на човечката имагинација. Таа се залага за женското плебство, но и за двојноста на светот, женско -машко,  ден – ноќ, црно- бело. Нејзината поезија координира и комуницира со целиот свет  бидејќи се чувствува наративната нишка која пренесува приказна со доста метафори кои треба да откријат  високо животно искуство“, кажа за ТВМ , претседателот на УО на СВП, Славе Ѓорго Димоски.

Добитничката на Златниот венец,  на Струшките вечери на поезијата, Маргарет Етвуд е исклучителн творец кој е актуелен на сите 5 континенти, истакна Славе Ѓорго Димоски.