Каналот во Горица исчистен-недоисчистен
Каналот во близина на плажата Горица кој започна да се чисти пред две недели остана недоисчистен.
Каналот во близина на плажата Горица кој започна да се чисти пред две недели остана недоисчистен. На овој потег кој води кон плажите секојдневно проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.
Со оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме одговор од Локалната самоуправа кој и кога треба да го подигне натрупаниот отпад покрај каналот. Одговор на прашањето стигна од градоначалникот Александар Петрески. Речните канали од населбите Рача и Велество кои се влеваат во езерото повеќе од 20 години се нисчистени, а сега кога локалната се зафати со ова голема работа кај граѓаните се создава нервоза, појаснува градоначалникот. Неговото образложение е дека отпадот покрај каналот е оставен со намера.
„ Станува збор за тиња извадена од каналот која е оставена со намера да се исуши па потоа да се подигне. Тињата треба подолго време да се исцеди па потоа со камиони да се одведе за да нема цедење на нечистотија по сообраќајниците“, уверува градоначалникот.
Отпадот од каналот во Горица наскоро ќе биде подигнат, ветува Петрески. Најавува дека Локалната самоуправа со исто темпо продолжува да ги чисти и другите речни канали на Грашница и Далјан кои се влеваат во водите на Охридското езеро, a кој исто така не се исчистени со години, укажува градоначалникот Петрески.
{loadposition content9}