Кандидатите за пратеници од ДПМНЕ се заложија дека ќе работат за доброто на охриѓани
Прва прес конференција на кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
Охридските кандидати за пратеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ на својата прва официјална прес конференција се заложија да работат за доброто на охриѓани, да придонесуваат во донесувањето на позитивните законски решенија кои ќе се однесуваат на Охрид и да придонесат во реализацијата на новите проекти најавени од Владата. Уверуваа дека нема да ја изгубат довербата од граѓаните.
„Како кандидат за претставници во парламентарниот двор, како охриѓани, ќе ве претставуваме чесно и одговорно. Тоа го зборувам затоа што во изминатиот период од доаѓањето на власт и водење на оваа држава на ДПМНЕ на чело со премиерот Никола Груевски, ние тоа во континуитет го покажуваме. Ние нема да ви ветуваме многу проекти, нема да ви ветуваме нереални соништа, ние ќе ви ветиме она што ќе го направиме.“-вели кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Василески.
„Најголемото задоволство е да ги најавам 2046 нови проекти кои Владата во својата програма ги најави и даде ветување дека ќе ги заврши до крај сите дадени задачи кои ги презеде како одговорност. Во минатите избори докажавме дека сета програма која беше дадена, ние ја реализиравме. Граѓаните немаат веќе сомнежи дека новата програма ќе ја реализираме до крај.“-рече Љубен Арнаудов, кандидат за пратеник од ДПМНЕ.
Досегашниот и кандидат за иден пратеник во собранието, Александар Николоски се заложи за позитивна кампања во која тие ќе презентираат што направиле за Охрид и Македонија во изминатиот период. Како прв и еден од најважните проекти го посочи проектот за изградба на автопатот од Охрид до Кичево.
„Првите ефекти веќе се чувствуваат. Кинеската влада строго го почитува договорот и согласно законот кој го усвоивме, 49 % од фирмите кои што ќе работат и 51 % од работниците треба да се од Република Македонија. Така една градежна фирма веќе објави оглас за 670 вработувања, а во текот на овие денови ќе излегуваат и следни огласи за над 1000 вработувања.“-изјави кандидатот за пратеник, Александар Николоски.
Инаку највисоко на листата во петта изборна единица од редовите на ВМРО ДПМНЕ, на четвртото место, е Д-р. Сашо Василески, додека на деветто место е Александар Николоски пратеник во последниот собраниски состав. Актуелниот директор на Општата болница од Охрид, Љубен Арнаудов се наоѓа на шеснаесеттата позиција.
{loadposition content9}