Skip to main content

Кандидатите за градоначалници од петка потпишаа Кодекс за фер избори

Дел од кандидатите за градоначалници го потпишаа Кодексот   на однесување за слободни и фер избори.

 |  Валентина Неловска  | 
kodeks
kodeks

Дел од кандидатите за градоначалници го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер избори. Во организација на Институтот за парламентарна демократија, денес, својот потпис на Кодексот го ставија дваесетина кандидати од петтата изборна единица. Со овој гест кандидатите се обврзаа дека ќе го почитуваат основното демократско право на граѓаните за избор на градоначалник без притисоци, во фер и демократски процес. Меѓу кандидатите од петка кои го поддржаа кодексот и се произнесоа за текот на досегашниот процес се од ДПА Зијадин Сеља од Струга, Васил Радиноски независен кандидат од Вевчани, и од Охрид, Никола Бакрачески од Вмро Дпмне и Александар Петрески од СДСМ.
кодекс
Зијадин Сеља, струшкиот кандидат на ДПА, рече „немаме никакви механизми и кога би ги имале не би искористиле. Прашање е како се однесуваат партиите koj  се дел од власта. Секој ден ми се јавуваат граѓани, инспекциите се на терен, парите се на терен, ги   поткупуваат граѓаните, и затоа напишав дали се фер или демократски, без разлика дали ние потпишуваме или не. Фер и демократски избори – да само не треба да се преправаме дека со некој потписи тие ќе бидат фер и демократски избори“.

Независниот кандидат за Вевчани, Васил Радиноски вели „Овој чин денеска што го направивме е убава работа, но во однос на тоа дека изборите ќе бидат фер јас се сомневам во старт не се. Се чувствува голема разлика од една страна од партиите кои се на власт и од опозицијата. Јас доаѓам од граѓанска иницијатива, како непартиски кандидат, но  ситуацијата во однос на опозицијата е дека луѓето трпат страшни притисоци по сите основи особено луѓето во државната администрација и јавните претпријатија.“  
 фер избори

Кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески, од Вмро Дпмне  напомена дека досега на сите јавни настапи ја изразувал неговата желба и верба за мирни, демократски, фер и достоинствени Локални избори.
 „ Тоа е всушност и клучната детерминанта за степенот на развиеност на оштествената свeст во сите држави и кај нас. Тоа е основен критериум по кој се препознаваат цивилизираните опшетства. На овие Локални избори уште еднаш ја искажувам мојата желба за таков изборен процес затоа што не постои алтернатива за нас како општество кое се стреми да ги примени европските стандарди за еден ваков мирен, фер и демократски изборен процес“.

Кандидатот на СДСМ,  Александар Петрески кажа дека тој има специфичен став за овие избори.          

„Овие избори во никој случај не можат да бидат фер и демократски. Не е само дента на гласање да поминат мирно, да нема пукање. За мене фер и дем избори се ако во изминативе 4 години сме се однесувале фер и коректно. Не може да бидат фер и коректни, кога сите овие четири години јас бев опструиран и спречуван од Владата на РМ, она што е нормално во Охрид да се направи, она што го бараат граѓаните“.  

{loadposition content9}