Капацитетите на бродовите кои пловеа по Охридското Езеро исполнети до последно место
Бротските линии Охрид – Поградец, Охрид – Св. Наум, оваа сезона ги искористиле голем број на домашни и странски туристи. Капетанот Горан Устијаноски задоволен, очекува точни податоци за бројот на туристи кои ги искористиле линиите. Тој смета дека оваа туристичка сезона бележат зголемен број странски гости кои пловеле со бродовите по Охридското Езеро.
Бротската линија Охрид – Поградец, оваа сезона максимано искористена. Дневната линија која е активна само во текот на туристичката сезона, им нуди можност на домашните и странските гости да се прошетаат по Охридското Езеро, разгледувајќи го од двете страни. Капетанот на Капетанија на пристаништа на РМ, Горан Устијаноски, вели дека оваа линија сезонава поминала без никаков проблем, а во моментов ги очекувале точните податоци за бројки на гости кои се прошетале до Поградец, Албанија.
„Сега ќе ги сумираме резултатите откога ќе истече важноста на решението, односно од 15 октомври граничниот премин ќе биде затворен по воден пат претпоставувам некаде по мое искуство и она што го гледам по бродовите некаде се движи во просек од 60-70 луѓе по тура на секое едно одење, така тоа е една нормална цифра на оние што сакаат да го посетат Поградец и тоа ги дава параметрите колку пати неделно треба да се оди“– вели Устијаноски.
Оваа линија функционира втора годинава по ред со решение на МВР, откако се создадоа услови за отварање на привремениот граничен премин со Албанија. Со оглед на тоа дека оваа сезона бродската линија Охрид – Поградец, се одвивала без никакви проблеми, Устијаноски смета дека истата може почесто да се одвива.
„Секоја недела сообраќаше брод за Поградец, со оглед на тоа дека пазарот го бараше тоа да биде еднаш неделно инаку потенцирам дека доколку имаше поголема потреба или доколку во иднина се јави поголема потреба тоа секој брод може да се сервисира повеќе пати односно повеќе денови во неделата без никаков проблем“– изјави Устијаноски.
Струга оваа сезона не е беше вклучена во линија до Поградец од технички причини бидејќи овој крајезерски град нема соодветно пристаниште, информираат од капетанијата.
Инаку, Устијаноски информираше и за бродската линија до Св Наум. Според него оваа линија функционирала беспрекорно пред, во и после сезона, а годинава бележеле зголемен број на странски туристи кои ја искористиле.
{loadposition cotent9}