Skip to main content

Капетанија ќе иницира измени во Законот за внатрешна пловидба


Ќе бараат да се  регулираат недостатоците кои им се јавуваат во пракса. Меѓу измените кои ги  најавуваат се воведување на лиценци за управување на  такси чамците, но и за лицата кои ги возат такси чамците. Лиценца за работа ќе се бара и за лицата кои изнајмуваат педалинки . 

 |  Валентина Неловска  | 

Измени во Законот за внатрешна пловидба ќе бараат од Капетанија на Пристаништата на РМ. Сите недостоци кои се евидентирани на терен и во претходниот Закон, а праксата бара брзо реагирање ќе биде регулирано, информира Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристанишата на РМ. Имаме појави кои мора да се регулираат. Меѓу измените кои се најавуваат и се размилсува да се воведат е издавање на лиценци за управување на такси чамците, но и за лицата кои ги возат такси чамците, вели Устијаноски.

„Потребно е да се воведат критериуми за возраста на оние кои управуваат такси чамец,не може секој да управува. Досега тоа беа пензионери. За добивање лиценца ќе треба секоја година да се прави лекарско уверение. Лиценцата ќе може да се одзема ако лицето е во алкохолизирана состојба или има грубо прекршување во работата. Уверението не може да го одземете ама можете лиценцата. Затоа е потребно да се воведе лиценца“.

Педалинките како пловни објекти не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба. Овие пловни објекти имаат статус како велосипедите на улица. Не може да се регистрираат и за нив да се бара технички преглед, но може да се бара за лицата кои изнајмуваат педалинки лиценца за работа, кажува капетанот за предлог измените кои ќе иницираат за поголема безбедност во водниот сообраќај.

„ И тие ќе треба да се лиценцираат. Инспекторот за внатрешна пловидба ќе бара од нив да имаат мал чамец за да ги истовари и утовара педалинките , појаси мора д има. Обврска е издавачот да им даде појас иако никој не ги носи. Топло е се сончаат,се капат, но одговорноста да постои до определено ниво. Ако земе со педалинката и појас, а го извади, одговорноста оди кај тој што не го носи“.

Со законт не се регулирани и остантите реквизити за забава на вода како што се кануата и штиците за едрење. Секој треба да внимава за својата лична безбедност, но мора да бидат законски регулирани лицата кои ги изнајмуваат реквизитите. За среќа на охридско- струшкото крајбрежје оваа лето нема сериозни инциденти со педалинки или други реквизити за забава на вода.