Skip to main content

Семос Едукација и Касарна Хаб

Караванот на знаење на Семос Едукација на 11-ти ноември пристигнува во Охрид

„Едукацијата е најважната патека кон иднината која сами ја креираме. Едуцирај се бесплатно.“ – порачуваат од Семос.
 |  инфодеск  | 

Караванот на знаење на 11.11.2023 пристигнува во Охрид. Семос Едукација организира караван на знаење низ серија бесплатни предавања со цел да ги подготви заинтересираните за најбараните и најплатените професии денес.

„Едукацијата е најважната патека кон иднината која сами ја креираме. Едуцирај се бесплатно.“ – порачуваат од Семос.
Бесплатните предавања ќе се одржат во Касaрна Хаб според следниот распоред:
– „Која е улогата и важноста на Софтвер тестерите во IT компаниите?“ со Фисник – ISTQB and Microsoft Certified Instructor | 11:00h

– „Дали JavaScript Developer на web апликации е вистинската кариера за тебе?“ so Александар Full Stack Developer | 12:30h

– „Дизајнер на ентериери – работа од соништата на младите креативци“ со Марија – Autodesk Certified Instructor | 14:00h

– „Како да започнеш кариера како Дигитален маркетер?“ со Иван – Marketing Director | 15:30h

Пријави се и ќе слушнеш:
✅Интересни предавања од нашите сертифицирани инструктори;
✅Како до брз влез во IT и дигиталната индустрија;
✅Кои се најсовремените вештини и алатки кои ти се потребни за таа професија;
✅Значењето на сертификацијата, која нè разликува од сите останати;
✅Иднината на пазарот за овие професии, побарувачката во Македонија и светот. 

Резервирај место: https://forms.office.com/e/1ZN6Vytzf0
Местата се ограничени.