Кардиологот Д-р Никола Бакрачески со својот докторски труд ја збогати научната дејност на ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид
Потребата од добри вести никогаш не била поголема од сега, кога целото општество, а особено здравствениот сектор се соочува со едни од најтешките времиња и едни од најголемите предизвици воопшто, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид.
Потребата од добри вести никогаш не била поголема од сега, кога целото општество, а особено здравствениот сектор се соочува со едни од најтешките времиња и едни од најголемите предизвици воопшто, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид.
Нашата здравствена установа не е заобиколена и го дава својот максимум во справуваање со пандемијата, како и во обезбедување редовна здравствена грижа за кардиоваскуларните пациенти. Но, на наше огромно задоволство деновиве можеме да испорачаме и добри вести. Имено, во вакви вонредни околности кога се чини дека се освен справувањето со здравствена криза е на „чекање“,научната дејност во нашата установа го одржува својот континуитет, а неодамна истиот беше крунисан со еден за нас исклучителен настан. Имено нашиот колега Д-р Никола Бакрачески успешно ја одбрани својата докторска дисертација на тема „Употреба на интраваскуларен ултразвук во оптимизација на резултати при стентирање на долги лезии“, потенцираат од болницата.
Додаваат дека докторскиот труд на Бакрачески е од областа на Интервентната кардиологија, во една потесна област која е крајно нова и актуелна и во најбогатитете и најразвиени Катетеризациони лаборатории во светот.
„Од Д-р Бакрачески ништо помалку и не се очекуваше, особено ако се има во предвид дека тој е практично човекот која ја создаде, ја стави во функција и постојано ја развиваше интервентната кардиологија во нашата болница, од првата интервенција пред 15 години се до денес. Негова директна заслуга е создавањето на целокупниот тим кој со години наназад обезбедува континуирано згрижување на најтешките кардиолошки случаи од Охрид, но и од целиот југозападен регион. Под негово раководство охридската интервентна кардиологија ја има втората по големина Катетеризациона лабораторија во државата, како по број на интервенции, така и по сложеноста и видот на процедури кои се изведуваат. И овој пат, како и многу пати досега, неговите лични успеси во богатата и исклучителна кариера директно го подигаат нашето ниво, углед и препознатливост како Специјализирана болница за кардиологија во државата и надвор од неа. Во оваа прилика сакаме како установа да му изразиме огромна благодарност заради тоа. Му честитаме од срце и му посакуваме уште многу години плодна работа, натамошни успеси во кариерата и многу, многу лична среќа. “ – велат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид.