Skip to main content

ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид

ЈЗУ Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид го одбележа Светскиот ден на срцето

Целта на овие активности е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.
 |  инфодеск  | 

По повод Светскиот ден на срцето, денес во просториите на ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид во соработка со Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје, кај пациентите се организира скрининг на кардиоваскуларниот ризик со мерење на крвен притисок и одредување на липиден статус, каде и се споделуваа совети и информативни материјали од страна на доктори од болницава и претставниците од Крка – Фарма, информираат од установата.

Целта на овие активности е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.

Активностите по повод светскиот ден на срцето продолжуваат понатаму, па така на 09.10.2024г. во просториите на Општина Охрид, во организација на Здружението на дијабетичари-Охрид, д-р Јасмина Јованоски супспецијалист кардиолог од ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, ќе одржи предавање на тема ,,Запознавање со кардиоваскуларните заболувања и нивна превенција кај пациенти со дијабетес”.