Skip to main content

Кармен Бауцентар OUTLET 15 и 16 мај

Акциски промо денови – големи попусти и презентации на светски брендови во Кармен Бауцентар – Охрид.
 |  инфодеск  | 
Кармен Бауцентар

На 15 и 16 мај 2026 година (петок и сабота), во Кармен Бауцентар ќе се одржат големи „Акциски промо денови“ со специјални попусти, презентации и промоции на производи од реномирани светски брендови за уредување и одржување на домот.

Посетителите ќе имаат можност да искористат попусти до 50% на голем број производи, како и да се запознаат со најновите решенија и алати од познати брендови како DeWalt, Bosch, Wagner, Stanley, Black+Decker, Hansgrohe, Mapei, Knauf, Swiss Krono и многу други.

Организаторите најавуваат два дена исполнети со атрактивни понуди за сите кои градат, реновираат или сакаат квалитетна опрема и материјали за својот дом и работен простор, како попусти од 10% до 50%, промотивни понуди и подароци, демонстрации и презентации на производи, совети од професионалци за уредување и одржување на домот.

„Акциските промо денови“ ќе се одржат во продажниот салон на Кармен Бауцентар во Охрид, на ул. Железничка бр. 3. Влезот е слободен за сите посетители.