Кармен Бауцентар верен на своите потрошувачи
Водечкиот продажен центар во охридскиот регион „Кармен Бауцентар“, во текот на наредните два дена 20 ти и 21 мај, односно петок и сабота, организира саем на рачен професионален алат и материјали од градежништво. Во текот на овие два дена, по неверојатни попусти од 20-40 % ќе може да се купат светските брендови на професионален рачен алат од марките Девалт, Стенли, Графит, и други, набројува Никола Велјаноски менаџер на продажба во Кармен Бауцентар. Бидејќи се лидери на пазарот за градежни материјали, за оние чијшто интерес се градежните материјали, следува посебно изненадување, објаснува Вељаноски.
„Стручни лица од тимот на „Бекамент“ ќе одржат презентација за добро познатите фасадни системи од овој бренд, а исто така на 21 мај во сабота, следи презентација од стручни лица од „Кнауф“ за изведувачи на кнауф системи од нивната програма“ – објаснува Никола Велјаноски – Mенаџер на продажба во Кармен Бауцентар.
Што се однесува до начините на плаќање, во „Кармен Бауцентар“ постои можност за поврат на средства до 20% од износот на ивестицијата во термофасадите. Тоа се работи во соработка со „Геф“ програмата. Програмата е поддржана од дел од комерцијалните банки во земјава, објаснува Вељаноски. Инаку, во Кармен, сите заинтересирани ќе може да одберат од огромниот избор на материјали. Материјали за градежништво, производи за домаќинства. Потоа ќерамички и порцелански плочки од брендот „Мараци“. Тука се и ламинатите од греманскиот бренд „Свис кроно“, кои во деновите на акцијата ќе се продаваат за 20% поевтино.
„Целта на овие акции и промоции е презентација на она што е ново, новите системи за имплементација на изолации. Новите производи од палетата на „Мараци“ или ново во делот на ламинати. Впрочем, станува збор за презентација на сите новитети присутни во „Кармен Бауцентар“ – вели Вељаноски.
Зад секоја успешна приказна стои мотивиран, добро изменаџиран стручен тим, објаснува Вељаноски.
„Би сакал да ја искористам оваа прилика да изразам особена благодарност до нашиот стручен тим којшто е млад и амбициозен. Без овој тим не би можеле да го организираме сето ова. Тие се потпора на сето она што го работиме“- дециден е Вељаноски.
Покрај специјалните акции и стручни презентации, секој купувач има можност лично да го тестира посакуваниот алат, вели Вељаноски. Асортиманот на „Кармен Бауцентар“ брои вртоглави 20.000 производи, достапни во продажниот салон, на површина од 2500м2. Како општествено одговорна компанија, во рамките на нивните можности, остануваат како верни поддржувачи на спортските и хуманитарни настани во Охрид и околината.