Skip to main content

Одлична иницијатива

Картичка Охриѓанка за купување со попуст за охриѓани

Inside и фб страницата „Охриѓани“ заеднички креираа картичка наречена „Охриѓанка“ за купување со попусти за своите охриѓани.
 |  инфодеск  | 
Картичка охриѓанка

Компанијата „Inside“ и познатата фејсбук страница „Охриѓани“  креираа картичка наречена „Охриѓанка“, со која охриѓани ќе можат да купуваат со попусти во објекти кои ќе ја поддржат иницијативата во градот.

Секој охриѓанец, кој ќе ја купи картичката, ќе може да ги користи попустите во бутици, туристички агенции, фитнес центри, продавници за обувки, козметички салони, парфимерии, ресторани, кафе барови и други објекти, кои ќе ја поддржат иницијативата. Целта ни е и во текот на зимските месеци да се раздвижи економијата во градот, а на лето кога ќе се зголемат цените за туристите, за охриѓани да останат исти, информираат од Inside.

Во просториите на компанијата вчера се одржа свечена промоција на картичката.

Одговорните, кои стојат зад проектот, потенцираат дека истиот има и хумана димензија, односно дел од приходот ќе биде наменет за хуманитарни цели во Охрид.

Извор/ОхридПрес