Skip to main content

Локалната со големи планови за земјиштето од поранешната касарна

Една од локациите која е од посебен интрес за локалната самоуправа е некогашната касарна.

 |  Маленкова Татјана  | 
kasarna
касарна

Пробивање на улица, спортски центар, високо образовни институции,  државни институции, амбуланта, црква, трговски центар“, се дел од содржините кои ќе никнат на потегот на некогашната охридска касарна. Планот кој веќе е усвоен, ќе може да се дефинира откако ќе биде прецизирано колкав дел од земјиштето ќе добие општина Охрид.За овој огромен простор кој во моментов е крајно неискористен, локалната само чека да помине владината процедура за пренамена, по што веднаш ќе се започне со реализација на планот донесен за овој потег.

„На ова место донесена е планска документација за урбанизација на овој дел од касарната и во тек се kasarnaпреговори односно координација со министерството за одбарана и со министерството за внатрешни работи околу пренамена на овој простор, односно превземање на ингеренциите од страна на министерството за одбрана под ингеренции на локалната самоуправа и дел од просторот кај касарната секако ќе премине во рацете на МВР. Ние ја имаме отпочнато постапката денеска очекуваме стручни служби од министерството да дојдат во локалната самоуправа да се договориме за начините за превземење на земјиштето и за опфатот на превземање на земјиштето и се надеваме дека потоа ќе следи владина процедура околу пренамена на ова земјиште“, истакна градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески.

И покрај тоа што постапката за пренамена на земјиштето е во владина процедура, локалната одамна има усвоен план кој прецизира што се треба да се гради на потегот на поранешната касарна.  Раководителот на одделението за подршка на градоначалникот и координатор за урбанизам, Зоран Рафтоски пред новинарите го прикажа графичкиот приказ од усвоениот планот на локалната за овој потег.

kasarna„Имаме една улица која ја пробиваме многу функционална поради тоа што го скратува патот на движење. Од содржини имаме спортски центар, високо образовни институции, државни институции, амбуланта, црква на почетокот и трговски центар на средина.  Овој е усвоен план кој може да се спроведе“, истакна Раководителот на одд. подршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски.

Детално кога и што ќе се гради на потегот кај касарната,ќе се знае по денешниот состанок помеѓу градоначалникот и раководителите на стручните служби и претсавниците од министрството за одбрана. По ова, секторот за урбанизам ќе изготви детален план во кој ќе ги предвиди и точните содржини кои ќе го сочинуваат овој комплес.

{loadposition content9}