Катја Крстаноска освои прва награда на меѓународен натпревар по пијано во Србија

Уште еден значаен меѓународен успех за младите музички таленти од Охрид. Катја Крстаноска, ученичка во ООМУ „Методи Патче“ – Охрид, освои Прва награда на XIII Меѓународен натпревар за пијано во Смедерево, Србија.
На престижниот музички натпревар учествуваа повеќе од 300 млади пијанисти од 30 земји од светот, а Катја настапи под менторство на својата професорка Ана Ѓорѓиоска.
Во силна конкуренција од 35 натпреварувачи во својата категорија, младата пијанистка се претстави со извонреден настап и остави одличен впечаток кај меѓународното жири, кое ја награди со високи оценки и прва награда.
Од ООМУ „Методи Патче“ упатија искрени честитки до Катја Крстаноска и нејзината професорка за постигнатиот успех, посакувајќи им уште многу нови музички достигнувања, награди и успешни настапи на домашната и меѓународната сцена.



