Skip to main content

Локална самоуправа

Kатната гаража заглавена во бирократски лавиринт

Секторот за урбанизам чека конзерваторско одобрение од охридскиот Завод и музеј. Градоначалникот Кирил Пецаков најавува нејзина изградба од 2023 година.
 |  Валентина Неловска  | 
Паркирани автобуси

Предолго се чека да отпочне изградбата на катната гаража во Охрид. Граѓаните гледаат спас од сообраќајниот хаос со паркирањето во градот со изградбата на катната гаража која се најавуваше и од поранешниот градоначалник Константин Георгиески, а и од сегашниот Кирил Пецаков. Изградбата на катната гаража, од изјавата на градоначалникот Пецаков, по се изгледа е заглавена во бирократските лавиринти.

„Капиталните проекти се во процедура. Има проекти кои траат 1 година и осум месеци, други една година и еден месец друг проект 9 месеци, имаме проблем со конзерваторското одобрение. Станува збор за подрачје во контактната зона со заштитеното градско јадро. Потребно ни е конзерваторско одобрение за градба“.

Нелегален паркинг

Катната гаража треба да се изгради на површина од 1215 m2 со расположлив капацитет за гаражирање за повеќе од 150 возила. Локацијата е во близина на градскиот пазар.

„Последните 2-3 месеци се вршени измени за катната гаража и за плоштадот Крушевска Република. Очекувам во 2023 одбрение за градба за двата проекти. Подготвуваме документација за катна гаража на уште една локација, но повеќе деатли за тоа по завршување на процедурите“.

Инаку, за катната гаража која е изработена документација за градба од претходната градска власт кај градски пазар изработена е физибилити студија, извршена експропријација на земјиштето и има одлука за трајно користење на земјиштето. Изработен е проект за изградба на катната гаража и добиена е согласност од владата за распишување на повик за јавно приватно партнерство.