Skip to main content

Катни гаражи дел од предизборната програма на Константин Георгиески

Локалната самоуправа ќе ја даде потребната поддршка во однос на целокупната документација за градба и обезбедување на комуналната инфраструктура на просторот за изградба на две катни гаражи по пат Јавно приватно партнерство, вели Георгиески.

 |   | 

Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, во соопштение до јавноста вели дека  години наназад Охрид се соочува со недостиг на соодветен број на слободни паркинг места во шпицот на туристичката сезона, но и со недостиг на паркинг простор во урбаната зона, во текот на целата година што ја наметнува потребата од  изградба на современи Катни гаражи. Георгиески информира дека во тек е подготовка Физибилити студија за изградба на Катна гаража на предвидената локација во близина на Градскиот пазар. Исто така во согласност со урбнистичките планирања предвидена е и изградба на Катна гаража и на просторот во близина на Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини Извори“ на улицата АСНОМ.

Доколку има интерес кај одредени инвеститори, постојат можности овие две катни гаражи да се изградат по пат на договор за Јавно приватно партнерство. Ние како Локална самоуправа ќе ја дадеме потребната поддршка во однос на целокупната документација за градба и обезбедување на комуналната инфраструктура на просторот, вели Георгиески.
Според планираното, катните гаражи би биле изградена по сите современи стандарди кои се предвидени за ваков вид на објекти, со солиден капацитет за паркирање на моторни возила.

Тие ќе претставуваат безбедни места за паркирање со прифатливи цени. Освен вообичаените паркинг места за патнички возила, во гаражите ќе има предвидено и паркинг места за лица со посебни потреби како и паркинг места за велосипеди. Паркирањето во објектите ќе биде организирано по модерна електронска технологија со влезно излезни терминали, наплатен терминал и информативен систем за следење на слободните паркинг места., објаснува Георгиски.

Мојата  Предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи проекти кои се од големо значење за охриѓани, но и за туристите кои секојдневно го посетуваат нашиот најголем туристички центар, порачува  Кандидатот  за Градоначалник Константин Георгиески.