Skip to main content

Католиците ги прават последните подготовки за Велигден

Католиците ги прават последните подготовки за Велигден.

 |  Валентина Неловска  | 
katolici
katolici

Христијаните од католичка вероисповед и оние кои слават по новиот календар утре ќе го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден. Верниците ги прават последните подготовки за овој најголем ден.

crkva„Тоа е празник кој ја симболизира победата на Божјиот син врз злото. Победа Божја врз кнезот на овој свет, како што Исус Христос го нарекува ѓаволот, демнот. И не само тоа туку воскреснувањето  Христово е еде празник кој што е радосен затоа што Исус Христос со своеот воскерснување ни покажа дека човекот не се состои само од душа туку се состои и од тело кое ќе воскресне и тоа е радост за сите нас. Затоа што  човекот е создаден за вечна радост. Исус Христос воскресна и покажа дека тој е господар на животот и на смртта“, порачува отец Оливер Тантушев од католичката црква Св. Кирил и Методиј.

Смееме, можеме и мораме да се радуваме како христијани бидејќи  ја имаме  вистинската вера во Исус Христос, истакнува отец Тантушев. Претходниве денови верниците од католичка  вероисповед  имаа верски подготовки.

crkva„  Велики Четврток е празник на светата евхаристија ден кога Исус ја востанови пресветата евхаристија и ја  имаше последната вечер со своите Апостоли.Во црквата има различни обичаи како и насекаде. На Велики Петок има еден обред кога се мијат нозе на одредени луѓе. Тоа го направил Исус Христос на последната вечера и пратил порака  дека и ние сме должни еден на друг да си помагаме да си служиме, како што и тој рече дека дојде да служи на овој свет, а не да биде служен“, истакна отец Тантушев

Вечерва, во католичката црква Св Кирил и Методиј,  се очекуваат верниците од ова конфесија да присуствуваат на воскресната Света литургија.    

{loadposition content9}