Skip to main content

Засилени сообраќајни контроли

Казнети 10 возачи во Охрид

Полициските службеници затекнале 16 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. Во Охрид казнети се 10 возачи, 2 во Струга.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

На 28/29.05.2022 од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 16 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-10, Струга-02, Кичево-04).

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.