Skip to main content

Сообраќајни контроли

Казнети 11 возачи во Охрид

Полициските службеници санкционираа 11 возачи во Охрид, поради престигнување на места каде со сообраќаен знак тоа е забрането.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

На 02.10.2022 во периодот од 14:00 до 19:00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 18 возачи на моторни возила.

Тие извршиле престигнување на места каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-11, Струга-04, Кичево-02, Дебар-01). За сите сторени прекршоци биле изречени соодветни санкции – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.