Skip to main content

Сообраќајни контроли

Казнети 12 возачи на мотори во Охрид

Полициските службеници санкционирале 29 возачи на мотори кои управувале без заштитен шлем-кацига (Охрид-12, Струга-07, Кичево-03, Дебар-07).
 |  инфодеск  | 
Мопед

На 23.06.2022 година од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон возачи на моторцикли и мопеди.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 29 возачи на мотори кои управувале без заштитен шлем-кацига (Охрид-12, Струга-07, Кичево-03, Дебар-07). Ги потсетуваме возачите на мотори, мопеди, моторцикли и велосипеди со помошен мотор, дека законска обврска согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата е користење заштитен шлем при управувањето и дека на тој начин, ја зголемуваат личната безбедност во сообраќајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.