На 12.07.2022 при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи.
Тие управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга-02, Кичево-06, Дебар-05). За сите прекршоци изречени се соодветни санкции – информираат од СВР Охрид.