СВР Охрид
Казнети 17 мотоциклисти во Охрид за сообраќајни прекршоци
Во засилените акциски контролина целата територија на СВР Охрид регистрирани 42 прекршоци од страна на мотоциклисти.
На 09.08.2023 година од 16 до 22 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 42 прекршоци што ги направиле мотоциклисти (Охрид-17, Струга-15, Кичево-05, Дебар-05), информираат од СВР Охрид.


