Skip to main content

Сообраќајни контроли

Казнети 17 пешаци во Охрид

При засилени сообраќајни контроли, казнети се 17 пешаци во Охрид, 19 во Струга. Тие извршиле небезбедно преминување на улица и преминале коловоз надвор од обележан пешачки премин.
 |  инфодеск  | 
Пешачки премин

На 06.04.2022 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале вкупно 41 пешак кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-17,  Струга-19, Кичево-04, Дебар-01). Контролите на пешаците во сообраќајот ќе бидат интензивирани и во наредниот период, а целта е задолжително и доследно почитување на законската обврска за користење на пешачките премини при премин на коловозите и подигнување на нивната сообраќајна  безбедност – се вели во соопштението на СВР Охрид.