Skip to main content

Сообраќајни контроли

Казнети 17 возачи на мотоцикли во Охрид

Полициските службеници регистрирале 45 прекршоци кај возачи на мотоцикли. Во Охрид-17, Струга-15, Кичево-4 и Дебар-9.
 |  инфодеск  | 
Мопед

На 03.07.2022 година од 18 до 24 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли.

Притоа, полициските службеници регистрирале 45 прекршоци (Охрид-17, Струга-15, Кичево-04, Дебар-09) од кои, најчест е неносење заштитна кацига во текот на управувањето. Апелираме до возачите на мопеди и мотоцикли на доследно носење на севкупна заштитна опрема за време на управувањето со мотор и мопед со цел, зголемување на личната безбедност во сообраќајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.