Skip to main content

Управувале возило со брзина поголема од дозволената

Казнети 18 возачи во Охрид

Полициските службеници затекнале 18 возачи во Охрид кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

На 06.02.2023 во периодот од 07 до 12 часот, извршени се сообраќајни контроли во Охрид.

Притоа, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, затекнале 18 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (06-надвор од населено место, 12-во населено место). Против нив се поднесени соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.