Вчера во периодот од 15 до 20 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 92 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење. Во Oхрид за пребрзо возење санкционирани се 18 возачи, а во Струга 22-ца. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.