Управувале возило со брзина поголема од дозволената
Казнети 19 возачи во Охрид
Во Охрид се казнети 19 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената, информираат од СВР.
На 20.01.2023 година од 15 до 21 часот, преземени се сообраќајни контроли во Охрид.
Притоа, полициските службеници затекнале 19 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (10-надвор од населено место, 09-во населено место). Против нив, поднесени се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


