Skip to main content

Засилени сообраќајни контроли

Казнети 5 возачи во Охрид, 10 во Струга

Санкционирани 5 возачи во Охрид кои управувале возило со брзина поголема од дозволената. Во Струга казнети 10 возачи.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

На 13.07.2022 година во периодот од 21:00 до 00:00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај.

Притоа, полициските службеници затекнаа и санкционираа 19 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место, управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Охрид-05, Струга-10, Кичево-04) – се вели во соопштението на СВР Охрид.