Skip to main content

Ја надминале дозволената брзина на движење

Казнети 6 возачи во Охрид

Во Охрид полицијата поднела казнени платни налози на 6 возачи, а во Струга казнети се 5 возачи за пребрзо возење.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

Синоќа во периодот од 21 часот до полноќ, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење. Според информацијата од МВР, во Охрид полицијата поднела казнени платни налози на 6 возачи, а во Струга казнети се 5 возачи за пребрзо возење.