На 11.05.2023 година од 09 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 28 пешаци кои, извршиле небезбедно преминување на улица односно преминување на коловоз надвор од обележан пешачки премин, – информираат од СВР Охрид.
На територија на Охрид казнети се 9 пешаци, Струга-8, Кичево-9 и во Дебар двајца.