На 11.04.2023 во периодот од 09 до 14 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 43 пешаци кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминување надвор од обележан пешачки премин или минувалиште (Охрид-09, Струга-22, Кичево-10, Дебар-02) – се вели во соопштението на СВР Охрид.