На 04.06.2022 година од 12 до 18 часот, при сообраќајни контроли извршени во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 9 возачи на мопеди и моторцикли кои сториле прекршоци од кои 6 за неносење заштитна кацига.
Полициските службеници во Дебар, санкционирале 3 возачи на моторни возила кои извршиле неправилно и непрописно престигнување на места на коловозот каде, со сообраќаен знак, престигнувањето е забрането – се вели во соопштението на СВР Охрид.