Skip to main content

Казнети 99 возачи на подрачјето на СВР Охрид

На 28.09.2021 година од 13 до 19 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни акциски контроли и притоа полициските службеници регистрирале 48 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено место (Охрид-16, Струга-22, Кичево-10) и 51 надминување на дозволената брзина надвор од населено место (Охрид-20, Струга-11, Кичево-02, Дебар-18).

 |   | 
Полиција

Кон возачите се поднесени прекршочни платни налози. Целта на сообраќајните контроли е зголемување на сообраќајната безбедност. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила доследно да се придржуваат до поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација – информираат од СВР Охрид.