Skip to main content

Управувале возило под дејство на алкохол

Казнети двајца возачи во Охрид

Полициските службеници затекнале двајца возачи во Охрид кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

На 03/04.02.2023 година од 22 до 04 часот, извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на Охрид.

Притоа, полициските службеници затекнале двајца возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.