СВР Охрид
Казнети охриѓани за брзо возење, летово поинтензивни контроли
Во наредниот период и во пресрет на летната туристичка сезона, сообраќајните контроли на магистралните и регионалните патишта на подрачјето на СВР Охрид ќе бидат интензивиран
На 04.06.2023 во периодот од 15 до 21 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале и санкционирале 63 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-11, Струга-16, Кичево-33, Дебар-03).
Дополнително, од сообраќај се исклучени 16 возачи кај кои е утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-12).
Во наредниот период и во пресрет на летната туристичка сезона, сообраќајните контроли на магистралните и регионалните патишта на подрачјето на СВР Охрид ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници.


