На 06.10.2022 во периодот од 12:00 до 18:00 часот, извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид кон возачите на мотоцикли.
Полициските службеници затекнале и санкционирале 10 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем-кацига (Охрид-07, Струга-02, Кичево-01) – информираат од МВР.