Казнети уште 11 возачи во Охрид
СВР Охрид спроведе сообраќајни контроли, а притоа казнети се 11 возачи кои ја надминале дозволената брзина за движење со моторно возило.
| | Охрид
При сообраќајни контроли извршени на 01.10.2021 од 15 до 19 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, регистрираа и санкционираа 10 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина за движење со моторно возило во населено место.

Регистриран е и еден возач кој, надвор од населено место, управувал патничко моторно возило со поголема брзина од дозволената – информираат од СВР Охрид.