На 17.12.2022 година од 19 до 24 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале 4-ца возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, СВР Охрид ќе ги засили контролите во патниот сообраќај со цел, подигнување на сообраќајната безбедност – се вели во соопштението на СВР Охрид.