Skip to main content

Ја надминале дозволената брзина на движење

Казнети возачи во Охрид и Струга

Во Охрид санкциониран 31 возач за управување возило со брзина поголема од дозволената. Во Струга казнети 98 возачи, 31-Кичево, 16-Дебар.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

На 27.11.2022 година од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале 176 возачи кои, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-31, Струга-98, Кичево-31, Дебар-16.). Против нив, поднесени се соодветни платни налози. Контролите во сообраќајот ќе бидат интензивирани со цел, зголемена сообраќајна безбедност во патниот сообраќај – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.