Skip to main content

Казни до десет илјади евра за трговците кои не ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи

Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на  маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година.

 |  Голабовски Крсте  | 

Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на  маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година. Од Инспекторатот велат дека се проверуваат сите маркети низ државата, а казните за непочитување на одлуката се високи и достигнуваат и до 10.000 евра.

Државниот пазарен инспекторат од 22.11.2021 до 05.12.2021 година има извршено вкупно 1099 контроли и составено 112 записници за извршени инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се врз основа на мерките на Владата на РСМ донесени поради превенција од корона вирусот.

Во текот на овој временски период (од 22.11.21 до 05.12.21) извршени се вкупно 1050 надзори, издадени се 224 решенија, од кои 195 решенија за утврдени неправилности и прекуршувања по различни основи по Законот за финансиска дисциплина, а останатите решенија се по основ на други закони во областа на надлежностите на Државниот пазарен инспекторат.

На територијата на Република Северна Македонија понесени се 60 прекршочни пријави по Законот за финансиска дисциплина.

Од страна на државните пазарни инспектори вршени се проверки за почитувањето на мерките и протоколите кои се во делот на нивната пропишана надлежност, а секоја посета на некој објект е во согласност со Законот за инспекциски надзор.