Започнаа подготвителните активности за асфалтирање на улиците „28 април” и „Веле Марко”.
Денеска се врши гребење на стариот асфалт, тампонирање и нивелирање на шахти. После завршување на овие активности следува поставување на нов слој асфалт – информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.