Општина Дебрца објавува Јавен повик за пројавување на интерес за изнајмување и менаџирање со „Планинска Куќа Брежани”.
Сите заинтересирани правни и физички лица (агенции, тур оператори, туристички водичи и др.) можат да се обратат во општина Дебрца, за подетални информации во врска со јавниот повик заклучно 17.12.2022 година.
Лице за контакт:
E: asekuloski@gmail.com
M: +389(0)78236060
W: +389(0)46286855
Планинската куќа е лоцирана во планинското село Брежани, сместено во пазувите на Илинска планина, во општина Дебрца, на триесет километри одалеченост од градовите Охрид, Струга и Кичево. Располага со дваесет легла, современи бањи и кујна, греење, ладење.
Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани и нејзина адаптација во Планинска куќа беше реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.