Во недела, на 13-ти август, со почеток во 20часот, кај Спомен обележјето на Живко Чинго, во атарот на црквата „Св. Петка“ во Велгошти, ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ 2023.
Предвидено е полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго и обраќање на претставник на Општина Охрид. Ќе биде доделена наградата за најдобар расказ по што ќе следува обраќање на добитникот на наградата Иван Антоновски. Валенина Божиновска ќе интерпретира ,,Чинго во песните” а музичко-сценска изведба ќе имаат Петар Паскали, Петар Кочовски, Филип Темелкоски, Христијан Чавкоски, Ангел Трајковски, Вања Танковски, Билјана Буџакоска и Танцов клуб ,,Соната”.
Носители на одбележувањето се Општина Охрид, МЗ Велгошти, НУ Библиотека „Григор Прличев“, ОУ „Живко Чинго“, како и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.