ЈП „Охридски Kомуналец” информира дека во петок, 18-ти ноември 2022г., ќе организира вонредна акција за подигнување зелен отпад во нас. Долно Коњско.
Жителите ќе имаат можност зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07:00 часот во петок (18.11.2022г), со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 075/495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07:00 до 21:00 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.