Јп охридски комуналец
Ќе се подигнува зелен отпад во Долно Коњско
Вонредна акција за подигнување на зелен отпад во нас. Долно Коњско ќе реализираат екипите на ЈП „Охридски Комуналец“.
ЈП „Охридски Kомуналец” информира дека во петок, 18-ти ноември 2022г., ќе организира вонредна акција за подигнување зелен отпад во нас. Долно Коњско.
Жителите ќе имаат можност зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07:00 часот во петок (18.11.2022г), со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 075/495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07:00 до 21:00 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.


