Недостиг на инсулин, игли и ленти за мерење шеќер во крвта се едни од најголемите проблеми со кои се соочуваат дијабетичарите во земјава и во Охрид. За подобрување на квалитетот на животот на оваа категорија граѓани им недостигаат и анимации, дружење, ивенти и едукација.
Веќе се реафирмира и реорганизира Здружението на дијабетичари во Охрид, а се почесто се организираат настани , а наскоро се планира и воведување на психолошка поддршка.
„Една од работите кои што понатаму сакаме да ги правиме е бараме начин како да ги мотивираме и помладите да се приклучат . Конкретно на мојата прва средба кога ја имав со нив , кога разговаравме за она што нив им е потребно сите едногласно кажаа дека нивниот проблем се лентите, иглите за боцкање, инсулинот, меѓутоа сега каков легуваме од активност во активност самите прашуваат што ќе е следно, добро е и ова и ова значи квалитетот на живот им се подобрува со работата на здружението. Тоа е она што им недостига поддршка, ние понатаму планираме да имаат и поддршка од други разни институции затоа што сепак дијабетот е комплексна состојба која ги фрла и во сенка на депресија и затоа нашата цел е да го реанимираме здружението” вели Димче Каневче од Здружението на дијабетичари во Охрид.
Неодамна со рекреативно пешачење и вежби беше одбележан Денот на физичката активност. Дијабетичарите се едуцираа за употреба на микробилки во исхраната но и рецепти за здрави колачи прилагодени за лица со дијабет.
„ Го организиравме тој прекрасен настан, викам прекрасен затоа што по завршувањето имаше големо задоволство и кај присутните и кај оние кои што ги водеа нашите активности. Станува збор за едно рекреативно движење на група дијабетичари, кои тргнаа од градскиот кеј до тревникот на плажата Куба Либре. Таму извршивме мерење на шеќер на одредена груша на луѓе за да видиме какос е одвива шеќерот пред почетокот на физичка активност. Понатаму Сања Бачевска имаше презентација на микробилките и објасна како тие се одгледуваат во домашни услови и што значат за дијабетичарите и како да се комбинираат со друга храна. Имавме дегустација на домашни крекери со билки да се проба, веднаш после тоа со професор по физичка култура имавме половина час физичка активност’, додава Каневче.
Над 5000 луѓе од Охрид се лица заболени од дијабет, а Здружението на дијабетичари во Охрид засега брои 50 тина регистрирани членови.
Новинар Соња Рилковска