После долгогодишните апели и последното барање на Здружението Мобилност Скопје, кое го пренесе Охриднет во петокот, на Охридското езеро ќе се поставуваат рампи за инвалидизираните лица.
Утре, понеделник (11.07.2022) во 11 часот на плажата во Љубаништа ќе биде ставена во употреба пристапна рампа за лица со посебни потреби, а после поставувањето во Љубаништа, ќе се оди во Славија каде и таму ќе се постави иста таква рампа. Вакви рампи за прв пат се поставуваат во Македонија, а целта на нивното поставување е да и овие лица можат непречено да се капат во Охридското езеро – информираат од општина Охрид.
Инвалидизираните лица со децении бараа адаптирана плажа на брегот на Охридското езеро.