Во просториите на Бирото за регионален развој во Скопје, директорот Рамиз Реџепи и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески го потпишаа договорот за реализација на проектот.
По поднесена апликација од општина Дебрца до Бирото за регионален развој, од Програмата за развој на села за 2022 година одобрени се средства за проектот : Pеконструкција и уредување на улица во село Горенци.
Проектот опфаќа тротоарско уредување на главната улица во село Горенци, во должина од 529 метри и широчина на тротоар од 1,5 метри, а вкупната вредност на проектот изнесува 2.615,598 денари.
По завршување на тендерската постапка следува имплементација на проектот.